Среде пустошот што зад себе го остави ураганот Отис во Акапулко, приказната за Аризбет Амбросио стана вирална на социјалните мрежи.

Имено, Аризбет Дионисио Амбросио учествувала во спасувањето на луѓето во мексиканскиот град Акапулко по пустошот што го остави ураганот Отис, кога оддалеку слушнала плач на бебе.

Малку подоцна, 33-годишната полицајка и мајка на две деца повторно го слушнала плачот и одлучила да открие од каде доаѓа. Тогаш таа ја нашла мајката на четиримесечното бебе на која ѝ била потребна помош. Мајката ѝ рекла дека нејзиниот син бил гладен два дена и плачел од глад.

– Со оглед на тоа што доев, ѝ предложив да го надојам – вели полицајката. Така, таа ја симнала заштитната опрема и почнала да го дои гладното бебе кое набрзо престанало да плаче.

– Тоа е добро чувство. Станува збор за бебе. А ако има нешто што може да нѐ повреди како мајки, тоа е кога ќе видиме бебе во вакви околности – вели таа.

Нејзиниот потег бил фотографиран и објавен од Секретаријатот за цивилна безбедност на Мексико Сити. Фотографијата предизвика емотивни реакции на поддршка на социјалните мрежи, среде трагедијата што ја доживува Акапулко откако го зафати ураган.

Извор



912

X