Воспитување

Политичар од Јапонија ги нарекол себични луѓето што не сакаат да имаат деца

Познатиот јапонски пратеник за луѓето што не сакаат да имаат деца вели дека се себични, со оглед на тоа што стапката на наталитетот во Јапонија продолжува да опаѓа.

Тошихиро Никај, фото: Википедија

Политичарот додава дека е потребно да се чуваат повеќе деца доколку сакаме да живееме во среќна држава.
Во Јапонија бројот на постарата популација расте додека помладите се во сè помал број.
Тошихиро Никај, пратеник на Либерално-демократската партија, во говор во Токио изјавил дека за време на војната и по нејзино завршување народот во Јапонија буквално гладувал, па затоа било невозможно да сакаат да имаат повеќе деца, меѓутоа, денеска луѓето што не сакаат да чуваат деца се себични.
Сите припадници на партијата подлегнале на критики поради нивните ставови за одгледување повеќе деца.


Минатиот месец 72-годишниот пратеник Кањи Като изјавил дека постојано им кажува на младенците на нивните свадби дека мора да имаат најмалку три деца. Исто така, и генералниот секретар на партијата, Коичи Хаида, во мај кажал дека младите треба повеќе да се приврзани кон нивните мајки, а идејата дека таткото е глава на куќата е непожелна.
Бројот на населението во Јапонија последниве години доживува голем пад. Стапката на наталитетот е двапати помала од онаа во 1970 година, а дури една четвртина од граѓаните на Јапонија се на над 65-годишна возраст.
Статистиката од 2016 година покажува дека дури 70% од мажите и 60% жените што не се во брак не се во врска. Сепак, повеќето од нив велат дека би сакале да стапат во брак, меѓутоа, тешкотиите со финансиите и слабата социјална помош се голем проблем.

Поврзани написи

To top