Игротека

Покажете им го светот на животните на вашите деца со видеа од 360 степени

Мала помош за сите мајки што периодов се дома со децата – ви нудиме инспирација како да се забавувате во следните денови. Ви предлагаме на детето да му го приближите светот на животните од посебен агол, со помош на мобилниот телефон. Издвоивме неколку најубави видеа за уживање со децата. Ќе изгледа како да сте меѓу нив.

За разлика од класичното видео, видеото од 360° снима во сите насоки и така дава преглед на просторот од 360 степени. Гледајќи такво видео, имате контрола на насоката од која сакате да ја набљудувате сцената. Како да гледате вакво видео?

Вакво видео најдобро е да се гледа на мобилен телефон во рамките на јутјуб-апликациите, но можете да го гледате и на компјутер. Во тој случај, кога видеото ќе почне, со маусот можете да ја движите сликата за да ја промените насоката во која гледате. За гледање вакво видео на телефон треба да го движите телефонот наоколу. Видеото гледајте го со помош на апликација. Ова се неколку од омилените детски животни. Уживајте:

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top