Воспитување

Показатели дека вашето тригодишно дете одлично се развива

Во првите години од животот растот и развојот на детето течат со голема брзина и никогаш нема да бидат толку брзи како во овој период. Во третата година од животот детето веќе знае многу работи. Затоа е важно родителите и воспитувачите внимателно да ги следат децата на тој развоен пат и да забележат можни отстапувања, вели логопедот Виолета Несторов од Србија.

– Ако се сомневате дека постојат отстапувања, не треба да губите време, туку треба да побарате стручен совет. Првиот преглед и давањето совет може многу да значат за идниот живот на детето – вели логопедот.

Таа објаснува и открива кои се индикаторите за правилен развој на тригодишно дете:

– Детето покажува чувство на љубов кон најблиските, а не само кон мајката;
– Тоа ги сака и ги чува своите играчки;
– Заинтересирано е за боење на хартија, кинење на хартијата;

– Почнува да си игра измислени игри;
– За себе вели: „Тоа сум јас“ (не се нарекува само по име) и ја разбира врската Јас-ТИ;
– Сака да му кажуваат дека е добро дете;
– Постојано прашува: Што е тоа? Кој е ова? Именува предмети, појави;

– Со очите го следи она што го прави;
– Воспоставува контакт со очи со луѓе (дури и пред оваа возраст);-

Покажува со прст кон она што го сака;
– Покажува емоции (радост, лутина, тага);


– Ги разбира и извршува наредбите во повеќе чекори (донеси ми книга и вклучи ја светилката);
– Го разбира значењето на поимите исто-различно;
– Препознава основни бои;
– Составува реченици од 4 до 5 збора;
– Артикулацијата не мора да биде целосно точна. Повеќето гласови на оваа возраст детето правилно ги артикулира, но не сите;
– Дете на оваа возраст понекогаш може да направи граматички грешки;
– Може да направи кула од неколку коцки;
– Повешто оди, се качува, трча…;
– Заинтересирано е за други деца и сака да си игра со нив.

Важно е да се каже дека некои деца може да доцнат малку во развојот, а некои да бидат понапредни за нивната возраст во некои области на развој (моторни вештини, говор). Ако има мали отстапувања од наведените, тоа не значи дека претставува голем проблем. Но, ако тригодишно дете не зборува, не извршува едноставни задачи, не разбира говор, не почнува комуникација, ако не може да си игра 5-10 минути, тогаш треба да контактирате стручно лице што е можно побрзо и да не се губи време бидејќи проблемот нема да се реши сам од себе, вели д-р Несторов.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top