Здраво – здраво,

Се сетив на нешто што сакам да го споделам и да ви го пренесам и вам.

Љубовта кон книгите ми ја всади мојата омилена наставничка. Таа нè научи дека најубав и најправилен начин да се чита книга е со моливче и бела хартија покрај нас. Јас тоа си го нареков активно читање книга. Тоа значи дека сите украси од зборови не само што нема да останат незабележани туку и ќе ни користат како инспирација кога ќе посакаме некому да му кажеме или да му напишеме нешто убаво. Освен тоа, секогаш можеме запишаните мисли да ги декорираме со некој цртеж, да ги подвлекуваме, да ги коментираме и што уште не.

Не знам дали забележавте, но ако ова ни премине во навика, ние полека ќе го одиме патот на писателите, на уметниците, на умните луѓе што сите ги почитуваат и ги сакаат во свое друштво.
Минатата среда ви ги споделив своите впечатоци од книгата „Аги и Ема“, една нежна приказна за необично пријателство.

А сега сакам да ви го покажам мојот избор бисерчиња од оваа прекрасна книга. Ќе бидам многу среќна ако ми го испратите и вие својот.



912

X