Малите деца се слатки, љубопитни и бидејќи сакаат да ги поместуваат границите, често влегуваат во неволја.

Но, кога едно мало девојче го уништи кремот за лице на својата мајка, и кога мајката почна да го кара затоа што е немирно, верното куче веднаш отиде во одбрана на малечкото девојче.

Видеото подолу покажува како златниот ретривер веднаш трча да го утеши девојчето, нежно ‘ржејќи ѝ на мајката, како знак дека таа треба да се повлече.

Ова не е првпат кучето Хари да го брани девојчето.

– Ти, стани веднаш. Престани да ја штитиш – вели мајката, но кучето одбива да се тргне. Како што девојчето продолжува да плаче, кучето неодоливо ја потпира својата глава на нејзиното рамо, додека со очите ја следи мајката.

– Навистина бев вознемирена затоа што неодамна го купив кремот, а половина од него повеќе немаше. Моето дете почна да плаче затоа што почнав да викам – вели 32-годишната мајка.

На крајот ситуацијата се смири токму поради симпатичната реакција на кучето.

– И понатаму бев вознемирена, но истовремено мислев и дека е интересно. Навистина прекрасно. Луѓето секогаш наоѓаат начин да ја изразат својата љубов ако се однесувате правилно кон нив – вели мајката.

Таа додава дека кучето Хари е олицетворение на лојалност.

– Кога и да зборуваме со нашата ќерка со повисок тон, тоа доаѓа и се обидува да ја заштити со шепите. Би го дал и животот за неа – вели мајката.

Извор



912

X