Игротека

Погледнете каква маска ставило ова 5-годишно девојче за да оди на пазарење со мајка си

Ова е навистина стресна година. Без разлика дали се подготвувате за празниците или се чувствувате тажно што не може да се одржуваат семејни собири, сепак, празниците се време на радост – особено во пандемијава. Но, има некои приказни што ќе ве расположат во ова време-невреме.

Кога мајката Рена Гренбери побарала нејзината 5-годишна ќерка Џастис, да стави маска пред да одат во шопинг, таа не го очекувала тоа што се случило.

– Ѝ реков на ќерка ми да стави маска за да можеме да тргнеме кон продавницата. Ова беше маската што ја стави – напишала Гренбери на „Твитер“ и поставила фотографија од Џастис како носи маска од серијалот за деца од „Дизни плус“ – „Мандалоријан“.

Џастис го завршила купувањето со маица со „Пепа Пиг“, светкаво розево здолниште и нејзината Барбика. Фотографијата станала вирална, а има над 800 илјади допаѓања на „Твитер“. Гренбери изјавила дека Џастис носела и заштитна маска под тематската.

– Оставете ги овие деца да бидат она што се. Такви ќе бидат секако, па колку повеќе ги поддржувате и го сакате тоа кај нив и ги оставате да бидат свои, толку поневеројатни ќе стануваат и ќе го осветлуваат светот – изјавила Гренбери.

Автор: Џејми Орсини

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top