Десетмесечни еднојајчени близнаци од Охајо многу се исплашиле кога нивниот татко си го променил изгледот, бричејќи ги главата и брадата.

На видеото, кое стана вирално на социјалните мрежи, се гледа како сестричките Лидија и Хедл седат на каучот, гледајќи во нивниот татко Џонатан Нормајл.

– Здраво. Што правите? – ги прашал тој. Во тој момент Лидија се почнува да плаче, а Хедлеј, исто така плачејќи, ја протега раката за да ја заштити од мистериозниот човек во нивната дневна соба. Мајката на девојчињата, Алисон, која го сними видеото, не го забележала слаткиот гест на Хедлеј. Но кога подоцна ја погледнала снимката, ја преплавиле емоции.

– Имаат толку слатка врска. Секогаш си се смеат една на друга. Забележав дека кога едната е вознемирена, другата е загрижена, како да сака да помогне – вели Алисон.

Нормајл вели дека неговите ќерки за брзо време се смириле и го препознале.

– Ги држев и тие го слушнаа мојот глас, па сфатија дека тоа сум јас. Само беа збунети на почетокот – вели тој.

Извор



912

X