19-месечниот Калум од Калифорнија стана интернет-сензација откако видео на кое тропа со креди и стапчиња се појави на социјалните мрежи и воодушеви милиони гледачи. Неговите родители Кеси и Вес откриваат дека сè започнало кога Калум имал само неколку дена – татко му Вес му ги движел рачињата низ воздухот како да свири.
– Секогаш имаше голема насмевка и уживаше во тоа. Кога наполни околу една година, имаше мали играчки-тапани на кои постојано удираше – вели Вес.
На 17 месеци Калум преминал на електронскиот сет тапани на татко му, што му донело огромна радост.
Во описот на виралното видео објавено на „Тик-ток“ и „Инстаграм“ родителите пишуваат: „Сега разбираме кога велат дека тоа е вроден талент.“
@callumdrums Our little drummer boy 🥁 #babydrummer #19monthsold #babytok ♬ original sound – Callum