Знаев, знаев, знаев дека ќе го најдеме толку потребниот поетски лек за рипката на Артур.
Драги мои другарчиња, Леон сега повторно весело си пливка во аквариумот на Артур, и триејќи си го устето од стаклото ни праќа бакнежи што ѝ ја вративме радоста. Артур, пак, од среќа направи ѕвезда, потоа стој на раце и испушти неколку досега нечуени звуци – зашто баш во моментот не можеше да се сети на зборовите што би изразиле вселенска среќа.
Мисијата беше толку успешна, што не една, туку две песнички го имаа лековитото дејство. Тоа го тестиравме на нашиот пациент Леон. Понасмеана фацка не верувам дека сме виделе. Па, не можевме да го занемариме тој факт и затоа двајца успешни лекари ќе си добијат книга за подарок.
За да се уверите и сами – ви ги претставуваме победничките песни. И ви препорачуваме: кога ќе бидете снеможени, кога носето ќе ви шмрцка, или ќе поткашлувате, да си ги прочитате песничките. Ефектот е гарантиран, а вие – излечени.
912