Тргнувањето во прво одделение е голема работа во животот на детето, но и на родителите. Особено во услови на пандемија, важно е да се подготвите заедно со своето дете за овој голем животен чекор.
Учителката Лејла Лоренс одговори на едно од најчестите прашања на родителите – како да го подготвите детето за прво одделение.
Иако со ова прашање се среќава секоја година, овој пат поради пандемијата на коронавирусот е потешко да се даде конкретен одговор.
– Покрај фокусирањето на активности како што се секојдневно читање во семејството, броење до 10, држење молив и препознавање букви, секогаш повеќе се фокусирам на помалку образовните вештини кои се еднакви, ако не и повеќе, важни за училишниот успех на детето – објаснува таа.
Тоа ги вклучува следните работи:
1. Проверите дали вашето дете го знае целото има и презиме, дали знае да си го препознае името напишано на одредена ознака.
2. Вежбајте облекување и соблекување на јакната.
3. Поттикнете го да зборува јасно за да може сите да го слушнат и да го разберат.
4. Поттикнете го да поминува некое време само, далеку од родителите, браќата и сестрите.
5. Научете го дека по јадењето треба да исчисти зад себе.
Оваа година имаме и низа нови параметри на кои мора да се приспособиме.
– Секоја земја различно му пристапува на прашањето за училишните очекувања во оваа пандемија, но еве неколку работи што добро ќе им дојдат на малите деца што се подготвуваат за големата животна промена – истакнува Лоренс.
1. Научете ги децата да го почитуваат личниот простор
Тоа е тешко за основците, особено затоа што е физичките контакти се нормален дел од нивниот секојдневен живот. Научете ги на бесконтактни поздрави, како мавтање наместо гушкање.
2. Научете ги правилно да си ги мијат рацете
Брзото миење не е правилно. Научете ги да пеат песничка која е долга околу 20 секунди и инсистирајте на миење со топла вода и сапун, и детално миење на рацете.
3. Објаснете им кога треба да ги мијат рацете
Треба да ги научите децата да ги мијат рацете откако ќе допрат нешто, на пример, врата, секогаш да ги мијат пред јадење, а не само откако ќе излезат од тоалет или откако ќе допрат многу валкани површини.
4. Инсистирајте да престанат да го чепкаат носот
Научете ги да користат хартиени марамчиња кои ќе ги фрлат откако ќе ги употребат, а потоа ќе си ги измијат рацете.
5. Објаснете им кога треба да ги мијат рацете
Треба да ги научите децата да ги мијат рацете откако ќе допрат нешто, на пример, врата, и секогаш да ги мијат пред јадење, а не само откако ќе излезат од тоалет или откако ќе допрат многу валкани површини.
6. Вежбајте носење маски
Направете мало истражување за да најдете маска што ќе му биде пријатна на вашето дете и која нема да му паѓа, а потоа вежбајте носење маска по дома.
7. Децата бараат причини
Наместо едноставно да им наредите како да се однесуваат, објаснете им зошто сега мора да се придржуваат на новите насоки. Објаснете им како се чува здравјето.
Автор: Лејла Лоренс