Родителството не е лесно. А вистинското еднакво, меѓусебно зависно, диференцирано, заедничко родителство е едно од најтешките можни достигнувања. И како семеен терапевт и како родител, секој ден наидувам на дихотомна поделба меѓу родителите во воспитувањето. Јас тоа го нарекувам феномен од горе/од долу: едниот родител е поцентрален и задолжен за секојдневната грижа за децата („родителот – од долу“), а другиот родител е повеќе периферен и помалку вклучен („родителот – од горе“).

Родителот – од долу

Овој вид родител ја води секојдневната работа со децата: домашни задачи, ручек, медицински прегледи, термини за играње, активности по училиштето – многу обврски. Оваа улога обично е на жената.

Добивки да се биде родител од ваков тип:

Имунитет на критика – Бидејќи тие прават сè сами, секоја грешка или неред никогаш не е нивна вина, туку директен резултат на невклученоста на другиот родител.
Чувство на достојност и супериорност – Нивниот (маченички) статус ја нагласува недоволната вклученост на нивниот партнер, што резултира со рефлектирано чувство за себе на супериорност и вредност во однос на партнерот што не функционира.
Монопол над воспитувањето – За повеќето родителски одлуки одлучува овој родител. Тоа е нивниот наратив, наследство и верувања кои главно ќе бидат интернализирани од децата. Ова дава чувство на сигурност, блискост и удобност.

Недостатоци кај оваа улога:

Горчина – Овие родители често се чувствуваат невидливи, неценети и сами. Навистина горчината стана донекаде светска релациона пандемија.
Тешкотија – Кога некој постојано се занимава со реалноста, нема место за игра. Ова води до стеснет емоционален опсег, како и помала виталност, љубопитност и чудење.
Лош полицаец – Овие родители се на првата линија на дисциплината и тие се оние што ги даваат казните и укорите.
Осаменост – Овие родители често се чувствуваат сами на бојното поле, без резерва.

Родителот – од горе

Овој тип родители обично се помалку практични. Тие набљудуваат, му нудат совети на другиот партнер. Тие често се жалат дека нивниот партнер (родител – долу) е „тежок“ или огорчен. Ова е обично улогата на мажот.

Добивки да се биде ваков родител

Слобода и разиграност – Бидејќи не се оптоварени со секојдневните обврски за грижа за децата, тие можат да останат разиграни, оптимисти и забавни додека влегуваат и излегуваат од семејната рутина.
Ослободени од одговорност – Тие се ослободени од заморната, монотона рутина на семејниот живот и можат да ја насочат својата енергија на други потфати.
Добар полицаец – Родителите од горе ретко дисциплинираат, а со тоа уживаат повеќе во позитивна атмосфера со децата.

Недостатоци на улогата:

Презир и недостиг на почит од партнерот – Родителот „од горе“ обично е критикуван и презиран од родителот „од долу“, како да е некој вид посетител или повеќе како дете отколку партнер.
Нема место на масата – Да се биде периферен значи дека неговиот глас и мислење не се слуша или почитува. Неговите родителски увиди и насоки, дури и кога се вистинити или корисни, често се отфрлаат или игнорираат.
Пасивност и реактивност – Тие не го иницираат или водат семејниот развој. Тие седат на совозачкото место, гледајќи го нивниот партнер како им го обликува умот и животот на нивните деца.
Непочитување од децата – Иако родителите „од горе“ се добри полицајци, децата сфаќаат дека тие не се одговорни, така што нивните барања и грижи се слушаат помалку.
Осаменост – Овие родители обично се чувствуваат невидени и неценети од партнерот. Тие се чувствуваат осудени и како да се секогаш под лупа.

Како се манифестира оваа поделба во динамиката на дневниот семеен ден?

Кога оваа поделба е ригидна, родителскиот тим е поделен и скршен. Родителот од долу може да стане огорчен и злобен кон родителот од горе, честопати го омаловажува или го игнорира. Родителот од горе, пак, кој ја чувствува негативноста на партнерот, може да се заслепи (или да се занеме) станувајќи помалку присутен, позаборавен и циничен. Други го казнува родителот од долу со постојано критикување, преку постојан проток на коментари, критики и пасивно-агресивно однесување.

Како до промени

Омекнувањето на оваа рутина е повеќе како промена на стара навика отколку менување на карактеристиките на личноста. Потребни се напорна работа и издржливост, бидејќи долготрајните системски промени не се лесни.

Спознајте се себеси – Размислете каков родител сте. Ако не сте сигурни, прашајте го вашиот партнер (или вашите деца).

Добивки и загуби – Наведете ги сите добивки и загуби од вашата улога. Ако вашите загуби ги надминуваат вашите придобивки, тогаш е време да ја ублажите оваа динамика.

Менувањето на оваа динамика е тешко и ќе биде потребно време. Имањето заеднички јазик за именување и идентификување на овој танц може да ви помогне и двајцата да научите да го ублажувате.

Родителот од горе:

Одете кон „долу“ – односно почнете да преземате мали задачи, дури и кога партнерот ви дава бесплатна пропусница да бидете изземени. Предвидувајте ги грешките и неуспесите – тие се начинот на кој учите.
Очекувајте враќање назад – Бидејќи родителот од долу е толку навикнат да лета соло, очекувајте некакви раскинувања, микроменаџирање, па дури и малку потсмев.
Држете до себе – Слезете долу и останете таму кога е тешко. Не бегајте назад кон горе. Не откажувајте се. Разиграноста ќе ви помогне да останете долу, дури и кога ситуацијата се вжештува.

Родителот од долу:

Ослободете се – Прифатете дека не можете сè да направите сами и научете да се потпрете на вашиот партнер.
Не микроуправувајте – Додека родителот од горе го истражува приземјето, бидете трпеливи. Тој е помалку искусен и неизбежно ќе направи многу „грешки“. Спротивставете се на нагонот да му давате конструктивен фидбек премногу често, бидејќи таквото однесување ќе го врати горе.

Забавувајте се – Радоста е глагол и затоа обидете се да иницирате спонтани потфати со вашите деца. Ова ќе ви помогне да се опуштите повеќе, да го ублажите вашиот имиџ на лош полицаец и да обезбедите малку љубов кон горниот кат.

Ова олеснување ќе потрае и ќе биде полно со мешаници, раскинувања, кавги и тензии. Сепак, ако истраете, и двајцата ќе се чувствувате повеќе поддржани, дозволувајќи му на целото семејство да расте.

Па што чекате?

Автор: Асаел Романели

Извор



912

X