Воспитување

„Подари пакетче, подари радост“ – акција на волонтерите од Црвениот крст

Нема да дозволиме да згасне празничниот дух кој ни носи неизмерна радост во овој период од годината. Замислата на волонтерите е преку централен настан, тематски насловен: „Реални и надреални суперхерои”, да се доделат пакетчињата, вели Маја Наумовска

Децата што ќе ја дочекаат Новата година во болница, дечињата со одредена попреченост, како и децата од социјално загрозени групи не се оставени на маргините во овие празнични денови, постојат хероите-волонтери од Црвениот крст на Македонија – Општинска организација Кисела Вода, кои и оваа година се погрижија за тоа и на нивните лица да заблеска насмевка поради пакетче полно со слатки задоволства.

Во тек е хуманитарната акција „Подари пакетче, подари радост“, преку која се собираат донации за пакетчиња од секој хуман граѓанин или општествено одговорна компанија која сака да донира. В петок (24 декември) ќе бидат израдувани над 400 деца од одделот за хематологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“; од Здружението на деца со спинална мускулна атрофија; Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп и ретки болести „Дајте ни крилја“; ПОУ „Д-р Златан Сремец“, Асоцијација Ластовици и од Здружението на лица со интелектуална попреченост „Во мојот свет“.

Реални и надреални суперхерои

– Коронавирусот ни донесе нова реалност, па така ние со помош и поддршка од страна на Секторот за внатрешни работи и Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Скопје, нема да дозволиме да згасне празничниот дух, кој ни носи неизмерна радост во овој период од годината. Замислата на волонтерите е преку централен настан, тематски насловен: „Реални и надреални суперхерои“, да се доделат пакетчињата – вели Маја Наумовска, лидер на младите од Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кисела Вода.

Самата помисла дека сме нечиј херој е наша мотивација

– Самата помисла дека сме нечиј херој, нечија радост, ни дава дополнителна истрајност и мотивација во целиот тој процес. Можеби навидум лесно, но во овие активности се крие голем ангажман, двомесечни подготовки, многу инволвирани страни, како и голема желба да се биде поуспешен од минатата година – вели Наумовска.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top