„Бибиверзум“ е едукативна програма со омилените ликови на децата од „Светот на Биби“! Децата учат на креативен начин, преку игра, решавање интересни задачи, развој на креативноста и љубопитноста.

Првото полугодие заврши, а интересот за упис беше огромен. Па затоа, дружбата продолжува! За време на зимскиот распуст организираме зимска онлајн-школа – „Бибиверзум“. Наставата почнува на 11 јануари (понеделник) и ќе трае до 29 јануари (петок). Во тој период ќе се одржат вкупно 9 часа, секој понеделник, среда и петок. Предвидено е во тие 9 часа децата да се запознаат со нашата едукативна програма „Бибиверзум“. Иако наставата се одржува онлајн, групите се мали со цел да посветиме соодветно внимание на секое дете. Резервирајте си го вашето место на https://svetotnabibi.mk/zimska-shkola-bibiverzum!

Ве очекуваме, Јееј!



912

X