Неделава почнува исплатата на финансиската помош за новороденчиња во Општина Аеродром, која, како што соопштуваат од Општината, беше стопирана со месеци.

Со оваа мерка 53 семејства во Општина Аеродром ќе добијат по 8.000 денари парична помош за новороденче, се вели во соопштението.

Општина Аеродром преку доделување еднократна парична помош за сите новороденчиња родени на нејзината територија дава свој скромен придонес во зголемувањето на наталитетот, а со цел делумно да им се олеснат трошоците на родителите што произлегуваат од таквиот среќен чин.



912

X