Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за ноември. Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од ковид-19, за корисниците што не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:

-2 декември– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ,

-3 декември– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.



912

X