Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за детски болести било примено девојче на возраст од 5 години од Скопје, кое претходните 3 дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле.
– Поради влошување на состојбата со појава на невролошки симптоми (нарушена свест, конвулзии), детето е префрлено на Детската клиника и првично примено на одделот за неврологија. Веднаш е свикан конзилиум, земени се лабораториски иследувања и поради тешката состојба со засегнување на мозокот и црниот дроб, префрлено е на одделот за интензивна нега и терапија. Лабораториски се потврди пандемски грип – H3N1 Influenca A. – информираат од Клиниката.

Фото: ukdetskibolesti.mk

Лекарите дале терапија со „тамифлу“, антибиотска терапија, кислородна поддршка, хепатопротективна терапија, антиконвулзивна терапија, интравенски имуноглобулини, плазма и друга специфична терапија.
– Поради влошување на респираторните симптоми, детето е интубирано, но и покрај сите преземени мерки почина во 23:30 часот, по 13 часа престој на Клиниката. Детето претходно често се следело и лекувало во Институтот во Козле и на Клиника со дијагноза астма – велат од Детска клиника.



912

X