Васил Пујовски, драмскиот писател и поет за деца и возрасни, почина на 72 години.

Пујовски е роден на 1 октомври 1946 во село Д’мбени, Костурско, со потекло од Егејскиот дел на Македонија. Завршил Филозофски факултет во Скопје, работеше во Македонската телевизија. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1968 година.

Беше голем вљубеник во македонскиот јазик.

Во неговото творештво се издвојуваат делата како: „Светот на детскиот сон“ (поезија за деца, 1967), „Пред божји суд“ (поезија, 1969), „Ајде да се дружиме“ (тв-серија за деца, 1985), „Кралот Кускуле први“ (драма, 1992, „Дајте музика“ (поезија за деца, 1994, „Прва лига“ (поезија за деца, 1995), „Ѕвездено дете“ (избор поезија, 1999) и „Ѕверка без мерка“ (поезија за деца, 2000).

Пујовски е автор на голем број македонски хитови од „Макфест“ и „Златно славејче“, како „Кога те нема“ која ја пееше Хелена Благне и „Никола, Никола“ на Оливера Лазаревска.

 



912

X