Воспитување

По пукната аневризма во 9. месец од бременоста, инфлуенсерка се разбудила од кома и се сретнала со своето бебе

Инфлуенсерката Џеки Милер Џејмс, која истовремено поминала операција на мозокот и царски рез во мај, сега е повторно будна – се вели во изјавата што ја сподели нејзиното семејство.

Во деветтиот месец од бременоста Џејмс доживеала пукање на аневризма во мозокот. Џејмс била ставена во медицински индуцирана кома, а нејзиното девојче било хоспитализирано на оддел за неонатална интензивна нега, во период од 12 дена, поради „трауматичната“ природа на нејзиното раѓање.

На 2 јули, речиси еден месец по последното ажурирање за нејзината состојба, семејството на Џејмс во соопштение открива дека таа е свесна и дека е префрлена во болница за невролошка рехабилитација. Ќерката на Џејмс „расте во среќен, здрав мал ангел“, се вели во пораката на семејството објавена на профилот на инфлуенсерката на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Новата мајка неодамна била „повторно споена“ со своето бебе. Џејмс поминува голем дел од секој ден со целото нејзино семејство, додале од семејството.

Лекарите биле задоволни од нејзините неодамнешни тестови и процени и, како што велат од семејството, таа „напредува над очекувањата“, во однос на нејзината моментална фаза на закрепнување.

На страницата за собирање средства, креирана од сестрите на Џејмс, се собрани повеќе од 300.000 долари, а целта е 450.000 долари. Донациите се наменети за покривање на трошоците за здравствена заштита кои не се дел од осигурувањето, вклучувајќи услуги од логопед, физикална терапија и домашни модификации. Сите неискористени средства ќе бидат донирани во слични добротворни организации, според објавата на „GoFundMe“.

Џејмс добила приврзаници на социјалните мрежи откако почнала да објавува содржина за убавина и човечките односи, вклучително и фотографии од нејзината свадба во 2022 година. Кога нејзината приказна првпат била споделена на почетокот на јуни, Џејмс имала околу 30.000 следбеници на „Инстаграм“. Нејзиниот профил сега има повеќе од 76.000 следбеници.

Автор: Меди Елис

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top