Да бидеме искрени – децата, особено малечките, знаат да нè изморат. Најлошиот дел е веројатно нивната тврдоглавост кога треба да одат на спиење. И кој ја плаќа највисоката цена? Родителите.

Актерот Рајан Рејнолдс, најпознат по улогата во филмот „Дедпул“, неодамна јавно го кажа она што го мислат многу родители. Ноќта пред снимање на еден едиторијал неговите деца не го оставиле на мир. Рајан е инаку познат по тоа што сака на социјалните мрежи грубо да се шегува со сопругата Блејк Лајвли, а често пишува и за децата. Неодамна ѝ честитал роденден на Блејк со нејзини најлоши фотографии и предизвика реакции кај шест милиони луѓе, а сега ги насмеал обожавателите и предизвикал лавина од коментари.

Објавил фотографии од снимањето за еден алкохолен пијалак и ги споменал сите што му помогнале.

– Го сакам ова снимање со легендарниот „@guyaroch“. Фризура „@serafinosays“ и стајлинг „@joseph.episcopo“. Торбите под моите очи – две неблагодарни серки кои претходната вечер одбиваа да одат во кревет и покрај фактот што им ја читав „Мечето Вини“ и речиси половина од „Сјаење“ на Стивен Кинг – напишал Рајан.

 

Веднаш ги погодил мајките и татковците кои утрото се погледнале во огледало и го помислиле истото. Иако неговата смисла за хумор и зборовите што ги користи често им пречат на „пуританците“, сепак, повеќето обожаватели го сакаат токму поради непосредноста, отвореноста и смислата за хумор. Тој е една од ретките холивудски ѕвезди што не се преправаат дека се совршени и тоа е неговиот најголем шарм.

фотоизвор: variety.com

Блејк Лајвли и Рајан имаат две деца, во брак се од 2012 година, а во моментов очекуваат уште едно бебе.

Извор



912

X