Воспитување

По напорен ден со децата имате чувство дека ќе експлодирате? Три начини како да се справите

Да се соочиме: родителството е тешко, со големо Т. Да изградите самодоверба како мајка и како родител, бара високо ниво на енергија, што често изгледа нереалистично. Ако веќе сте имале тежок ден или веќе имате хронична болка или други медицински проблеми, поверојатно е дека ќе бидете истрошени од своите деца и нивните потреби и однесувања, согласно нивната возраст. Лесно е да ви се одвлекува вниманието или да се чувствувате лошо ако веќе поминувате низ тежок ден. Дали често искусувате некои од овие симптоми кога имате тежок ден?

Губење на трпението, се изолирате, потребно ви е време сами со себе, имате чувство дека ќе експлодирате од притисок, имате чувство дека сакате да се скриете од децата, влегувате во кавги со други луѓе, иритирани сте и истите мисли ви се вртат низ глава.

Ако одговорот на прашањето е „да“, тогаш не грижете се, има надеж. Можете да научите да се справите со сето тоа и да изградите отпорност и самодоверба за да се соочувате со родителството секој следен ден. Градете самодоверба како родител на следниве 3 начини:

Зборувајте

Можете да ги научите децата за вашите граници и кои работи претпочитате тие да ги прават во други соби, а не во вашиот личен простор. Можете да ги научите да го намалат тонот кога се зафатени со гласни уреди, кога ќе завршат со своите активности. Можете да ги информирате семејството и пријателите да не купуваат одредени предмети за вашите деца ако тие им предизвикуваат стрес или кавги. Може да зборувате со членовите на семејството или со партнерот за вашите потреби и да побарате од нив разбирање ако ви е потребна пауза – вклучително и пауза од нив. Сфатете кои се работите што ве поттикнуваат да го изгубите трпението. Наместо да си велите себеси „издржи“ или дека сте „луди“, бидете пољубезни кон себе и запомнете дека не сте единствената личност што го доживува тоа. Почитувајте ги сопствените потреби, сфатете што ве поттикнува да се нервирате и обидете се да го решите тоа. Излезете на прошетка за да си го разбистрите умот, заклучете ја вратата од бањата додека се туширате или пак воведете „тивко време“ за сите членови на семејството што ќе подразбира секој да биде сам во својата соба еднаш или два пати дневно.

Справете се со вревата

Ако вревата е преголема, можете да ставите слушалки за уши за да не ги слушате интензивните звуци. Користете ги подоцна во текот на денот кога веќе звуците од децата се сè погласни, а вашите нерви истенчени. Излезете надвор и насочете се кон природата – тревата, небото, птиците – дајте му пауза на умот од хаосот и фокусирајте се на нашето друго. И намалете ја дозата кофеин – само ја зголемува анксиозноста.

Консултирајте се со професионалци

Окупациска терапија, говорна терапија, когнитивна терапија – тоа се корисни алатки за родителските проблеми. Ако симптомите ви го попречуваат квалитетот на животот, тогаш потребно е да разговарате со професионалец кој сигурно ќе ви помогне во справувањето.

Автор: Александрија Филдс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top