Сите грешиме, вклучително и родителите. Сепак, начинот на кој се справуваме со овие ситуации може да има трајно влијание врз нашиот однос со нашите деца. Извинувањето на децата по кавга им ја покажува важноста на почитта и љубезноста, но и ги учи дека и возрасните се подготвени да преземат одговорност за своите постапки. Кога им се извинуваме на децата по несогласувањата, градиме отворена врска со нив, заснована на почит, испраќајќи силна порака за важноста на комуникацијата и поучувајќи ги за вредноста на искреноста.

Важноста на извинувањето ја истакнува и детскиот психолог Џејми Блох во неговата објава на „Инстаграм“. Таа истакнува четири фрази кои родителите треба да им ги кажат на своите деца по расправија. Покрај тоа, таа изјавила и што никогаш не треба да прават по конфликт.

Признајте ја вашата грешка

-Жал ми е што се налутив. Не требаше да викам. Работам на тоа – ова е една фраза која психологот ја наведува во објавата.

-Корисна фраза за поправка на врската е онаа што ја признава грешката и бара промени – објаснила Блох.

Не обвинувајте ги и не засрамувајте ги децата

-Жал ми е што ги изгубив нервите. Не требаше да те нападнам – ова е уште една важна реченица.

Психологот посочува дека доколку родителите ја преземат одговорноста за своите постапки наместо да бараат изговори, тоа ќе го направат и децата.

Признајте ги нивните чувства

Третата фраза гласи:

-Се обложувам дека навистина се исплаши кога се налутив. Не те послушав кога се обиде да споделиш нешто со мене. Можеме да се обидеме повторно. Сега сум тука и подготвен/а сум да те сослушам.

Кога ги признаваме нашите грешки, на децата им покажуваме дека сме луѓе, дека грешиме, но и дека сме одговорни за нашите постапки.

Не осудувајте се себеси затоа што сте згрешиле

-Претходно не се однесував како родителот што сакав да бидам. Жал ми е што го кажав тоа – ова е последната фраза која ја наведува психологот. Со признавање на нашата улога во ситуацијата и извинување, ние ги учиме децата да го прават истото. Блох истакнува дека тоа може да доведе до попродуктивен и позитивен исход бидејќи родителите и децата работат на решавање на проблемот.

-Искреното извинување вклучува преземање одговорност за нашите постапки и посветеност да бидеме подобри во иднина. Ова не значи да се извините за границата што сте ја поставиле, туку да се извините за однесувањето кое можеби не било љубезно и предизвикало повреда и страв кај децата – заклучила Блох.

Извор



912

X