По десет момчиња, Алексис Брет од Шкотска на свет ја донела својата прва ќерка. Девојчето Камерон го добила со партнерот Дејвид, пренесува британски „Сан“.

Алексис и Дејвид откриле дека го очекуваат своето 11. дете, но идната мајка повторно мислела дека ќе роди момче. Сепак, на воодушевување на целото семејство, родила девојче, кое постарите браќа го дочекале со радост.

– Подобро се однесуваат во нејзина близина, се обидуваат да бидат тивки за да не ја разбудат. Сакаат да помогнат така што ја држат и ја хранат – вели таткото Дејвид.
Браќата на Камерон се: Кембел (17), Харисон (16), Кори (14), Лахлан (11), Броди (9), Брен (8), Хантер (6), Мек (5), Блејк (3) и Ротагаид (2). Семејството живее во куќа со пет спални соби, која Алексис и Дејвид ја одржуваат уредна, додека десетте момчиња им помагаат.

– Не е лесно со толку момчиња да се трча наоколу, но секогаш успеваме да го одржуваме домот чист и уреден – открила мајката Алексис, која проценува дека купуваат најмалку три пара патики на секои неколку недели.

Алексис и Дејвид тврдат дека немаат намера да имаат уште деца.

– Дефинитивно застануваме тука. Тоа го реков и минатиот пат, но овој пат апсолутно тоа и го мислам – одлучно тврди Алексис. Вели и дека малечката Камерон не ја планирале, но не се ни бунеле кога дознале дека повторно е бремена. И двајцата се вработени и не живеат од детски додаток, иако многумина го мислат тоа.

– Јас имам добра работа. Единствен проблем е да се договори годишен одмор кој на сите ќе им одговара – открил гордиот татко на 11 деца.

– Дејвид и јас понекогаш ќе се погледнеме и ќе се запрашаме што направивме? Но, кога ќе се појават децата и ќе ни измамат насмевка на лицето, сфаќаме дека вредело – заклучила мајката Алексис.

Автор: Лоти Типлејди – Бишоп



912

X