Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека новата градинка „Пролет“, која е прва по пет децении, е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на дечињата и подостоинствени услови за работа на вработените.
– Градинката „Пролет“ е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во Општината. Таа е енергетски ефикасна и модерна, и треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Горд сум што инклузивноста и пристапноста на децата со попреченост е воспоставена во проектот на градба. Градинката ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености. Изградбата се одвиваше според предвидената динамика, брзо и непречено. Во март се надевам дека дечињата од населбите Пролет и Маџир Маало ќе бидат згрижени во оваа предучилишна установа – рече Герасимовски.
Новата градинка „Пролет“ има бруто-површина од 3.276 квадратни метри и целосно е финансирана од Општина Центар, со околу 2.5 милиони евра.
912