Воспитување

По 2.000 евра за секое новороденче во Грција

Грчкиот парламент вчера го изгласа членот од законот од министерството за труд и социјални работи на Грција со кој се воведува новата владина мерка – додаток од 2.000 евра за секое новороденче од 1 јануари 2020.

Предвидено е додатокот да се исплаќа на две рати од по 1.000 евра, а потребно е да се исполнат одредени критериуми, меѓу кои и годишниот приход на семејството да не биде над 40.000 евра, мајката да е со легален и постојан престој во Грција, а доколку е од трета земја, потребно е најмалку 12 години да живее во Грција пред поднесувањето на барањето за додатокот.

Додатокот за новороденчињата не спаѓа во категоријата приходи и е ослободен од секаков дополнителен данок.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top