Понекогаш високите температури не дозволуваат да се игра надвор, па единствено што ни преостанува е да ги чуваме децата внатре.
Еве неколку интересни активности со кои можете да ги забавувате децата во домот ако надвор е претопло за играње.

Летен коктел

Направете со детето освежителен безалкохолен пијалак. Купете го вашиот омилен сок и во него додајте свежо сечкано овошје и неколку коцки мраз. За да изгледа уште поубаво, можете да додадете и украсни чадорчиња.

Плажа во вашата соба

И покрај тоа што морето е далеку од вас, вие сè уште можете да отпатувате до него со помош на вашата имагинација. Преуредете ја собата во плажа така што ќе донесете пешкири и комплет столови за на плажа. За уживањето да биде целосно, дозволете му на детето да создаде морски животни со помош на хартија.

Интересни градби

Сега е време да ги извадите сите стари кутии од чевли и електроника и да му дозволите на вашето дете да ги преуреди во интересни замоци и тврдини користејќи ја својата фантазија.

Летни приказни

Читањето приказни е одличен начин ефективно да се исполни денот и плус да се научи нешто ново. Купувајте му на детето различни книги и секојдневно читајте му нова и интересна приказна.

Мини-градина

Летото е толку жешко што дури и растенијата не сакаат да се надвор. Еве ви можност да направите градина во затворен простор. Засадите ги најубавите цвеќиња внатре, а детето ќе биде радосно доколку му дозволите да ги полива со вода секој ден, да ги преуредува и да ги слика секој ден гледајќи ги како растат.



912

X