Група жени од Германија решија да ѝ достават сметка на владата за дополнителната работа што морале да ја работат за време на карантинот воведен поради пандемијата на коронавирусот.

Станува збор за жени што се вработени, имаат своја професија, но во време на карантин, освен нивната работа од дома, морале дополнително да се грижат за децата, да им помагаат во учењето и пишувањето домашни задачи, да готват, да перат, да пеглаат и по потреба да им бидат психолози на мажите и на децата.

Станува збор за сите оние работи што морале да ги прават за време на карантинот, а кои инаку ги извршуваат невработените домаќинки, а тие имаат и своја редовна работа.

Идејата потекнува од архитектот Карин Хартман од германската провинција Саксонија, која е мајка на три деца. Таа ги повика жените со исти и слични искуства и заедно ја формирале групата #CoronaElternRećnenAb („Сметка на родителите за коронавирус“), која на социјалните мрежи постигна успех и има голем број членови.

Од симболичен гест идејата прерасна во национална кампања чија цел е да ја истакне важноста, но и економската цена на работата што се извршува дома.

Карин и другите мајки од групата сметаат дека работата што ја работеле дома за време на карантинот е дополнителна, а неплатена работа која им одзема време.

Патриција Камарта, позната блогерка и членка на групата, истакнува дека целта на кампањата е да укаже на важноста на невидливата и секојдневна работа на оние што се грижат за другите и за своите семејства.

На нејзината „фактура“, Патриција напишала: „Обука и помош на децата од 17 март до 15 мај, вкупно 22.296 евра за вложеното време, вклучувајќи ги и трошоците за материјали, електрична енергија, вода и греење“.

Сметка дала и Андреа Реиф, блогерка и вработена мајка на три деца од Минхен, која проценува дека државата ѝ должи 12.423 евра за шест недели дополнителна работа.

Извор



912

X