Користењето пластични садови, прибор за јадење и чаши за пијалак не се безбедни како што сметаат консументите, без оглед дали на амбалажата стои ознака „без БПА“, пишува „Современа биологија“.
Новото истражување открива нови докази кои укажуваат дека користењето пластична амбалажа при јадење и пиење не е безбедно како што сметаат консументите. Иако истражувањето е спроведено на глувци, научниците веруваат дека истото важи и за луѓето.
Научниците утврдиле дека кај глувците заменските соединенија за бисфенол А предизвикуваат намалување на бројот на сперматозоиди и одржливи јајце-клетки, што се пренесува на следните генерации.

БПА е ознака за хемиското соединение бисфенол А, кое се користи при пакувањето на храна и пијалак од 1960 година. Тоа служи за изработка на тврда, транспарентна пластика – поликарбонат.
Соединението од амбалажата преоѓа во храната, особено ако пластиката е стара или оштетена и ако се користи во микробранова печка.
Хемикалијата е толку раширена, што американскиот Центар за контрола на болести и превенција во 2003 и 2004 година утврди присуство на ова соединение во 93 проценти од земените примероци урина од консументите.

 



912

X