Дедо Мраз постои, и точка! Барем за малите дечиња. Но, како на малку постарите деца, кои почнале да се сомневаат во целата претстава, на убав начин да им се објасни дека сè било  преправање и дека тој добар Дедо Мраз не постои. Можеби Аура и Пиа ќе успеат во тоа со една убава приказна…

„Во ова видео на децата преку приказна им се кажува дека Дедо Мраз постои во ликовите на помошниците како бабите, дедовците, мајките, татковците, вујковците и другите. Тоа е еден педагошко-естетски одговор на прашањето како на децата да им се каже вистината за Дедо Мраз, а тоа да не биде брутално и директно“, објаснува авторката на приказната, Драгана Вучиќ-Ѓекиќ.

„На прв поглед изгледа дека Дедо Мраз ја има работата од соништата. Лета по небото со ирвасите и се спушта низ оџаците. Затоа требало да се стекне со диплома за оџачар. Но, не е доволно само образованието. За таков занает треба да се има и талент. Единствена негова грижа е никого да не разочара. А за тоа треба да се има знаење на магионичар. Како сите вистински херои, Дедо Мраз не се плаши од ништо. Дури и ако високо лета и стои на врвот од покривот. Единствено тешко му паѓа кога ќе ја чуе бесмислицата дека тој всушност не постои. Солзи му доаѓаат на очи кога ќе се сети дека тој е единствениот што не може да му пише на Дедо Мраз. Што посакува, на што се надева, што го радува?

Тој е оној што на сите им ги исполнува желбите и има обожаватели низ цел свет. Сепак, тој одлучува да си напише писмо сам на себе:

„Драги јас,

веќе не можам сам, ми требаат помошници. Не ми требаат магионичари, ниту оџачари, треба само да знаат да чуваат една тајна. Да не ја расипат таа магична ноќ. Да не кажат никогаш никому дека јас не постојам. Дека се плашам од висина, дека не можам да поминам низ оџакот, дека се тресам од студот. Но, со толку помошници, сè ќе можеш“.

Таа ноќ писмото го добиле сите баби и тетки, сите дедовци, вујковци, мајки и татковци. Што се случило понатаму, сами откријте.

Погледнете го видеото во кое Аура и Пиа ја кажуваат вистината за Дедо Мраз:

 



912

X