Игротека

Писмото до „Бог“ на едно девојче што стигнало до претседателот на Финска

Шестгодишното девојче Хелга Хилтунен од Финска му напишало писмо на Бог пред Божиќ. Во писмото Хелга барала 100 фински марки.

Во тоа време, писмата со неточна адреса во Финска можел да ги отвори само претседателот на републиката. Така, писмото упатено до „Бог“ го прочитал Урхо Калева Кеконен, кој успешно управувал со земјата од 1956 до 1982 година.

Кеконен одлучил да го исполни барањето на девојчето, но сметал дека му се доволни 50 фински марки. Наредил да му го донесат автомобилот и одлучил лично да ѝ ги однесе парите, како и „одговор од Бог“.

Набрзо повторно стигнало писмо од девојчето во кое пишувало дека целата улица зјапала во автомобилот на господинот претседател кој запрел во близина на нејзиниот дом. Во продолжение девојчето го замолило „Бог“ повеќе да не испраќа пари преку претседателот затоа што ѝ украл точно половина.

На фотографијата е Хелга Хилтунен.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top