Директорка на училиште испратила писмо до родителите во текот на карантините, а во него ги уверува мајките и татковците да не се грижат бидејќи одлично го извршуваат учењето од дома.
„Драги родители/негуватели, денес првенствено ви пишувам како мајка. Оваа недела беше напорна. Трета недела како е карантин и како родител чувствувам товар и напор. И моите две деца имаа многу задачи од училиштето и јас буквално не можев да држам чекор со сето тоа. Помеѓу жонглирањето на мојата работа и училишните задачи на децата и преживување на пандемијата генерално, навистина го чувствувам притисокот оваа недела. Времињата се тешки во моментов… нашето ментално здравје е навистина кревко. Темното, студено и врнежливо време не ни помага баш, па потребна ни е меѓусебна поддршка за да го поминеме ова заедно.
Сигурно се прашувате што сакам да кажам со ова…

Мојата првична причина зошто го пишувам ова е да речам ОДЛИЧНА РАБОТА! Преживувате пандемија! Кои и да се вашите лични околности, мислиме дека правите одлична работа! Ако вашето дете добива многу оброци од микровална, останува будно до доцна, игра премногу игри и не ги завршува домашните задачи… ТОА Е ВО РЕД! Знаеме дека нашите ученици се безбедни, сакани и згрижени и тоа е најважна работа во моментов. Знаеме дека имаме високи очекувања и даваме многу задачи секоја недела. Сè што бараме е да го дадете најдоброто од себе. Ако вашето најдобро е брзи 30 минути читање или таблица за множење одвреме-навреме – тоа е во ред. Ако сакате да ја завршите сета работа што ја даваме… и тоа е во ред. Ве молам, не дозволувајте училишната работа да ви биде дополнителен притисок кога се обидувате да задржите две работни места, да заработите за живот и да ги сочувате вашите деца безбедни. Сите се соочуваат со различни околности и ние го цениме тоа.
На крајот сакам да кажам дека можеби сме „затворени“ за многу ученици, но сè уште сме емоционално присутни за сите наши семејства. Ако ви треба поддршка… разговор… виртуелен состанок, да се исплачете… тука сме!

Чувајте се, останете безбедни и запомнете дека ние мислиме дека завршувате одлична работа!“ – стои во писмото на директорката.
Мајка ја споделила оваа порака на социјалните мрежи. Потегот на директорката бил оценет како одличен и емотивен.
Автор: Пејџ Холанд