Почитуван Дедо Мраз,
Јас сум десетмесечно бебе и ти пишувам затоа што мајка ми правеше списоци со желби за моите подароци и им ги испраќаше на луѓето. Сакам да ти кажам дека нејзината листа во никој случај не ги одразува моите желби. Ми треба само уште едно кадифено мече и нови сложувалки.
Знам дека веќе се навикнавте да правите шеги за тоа како бебињата сакаат само кутии и тоалетна хартија што може да ја одвиткуваат. Во ред е, Дедо Мраз. Секако дека го сакаме тоа. Но, имаме и многу други желби, многу други работи кои многу би сакале да ги добиеме.
Мојата листа е подолу. Ви посакувам пријатни празници.
Најдраг Дедо Мраз, за Нова Година го посакувам следново:
Полнач за лаптоп
Го сакам овој полнач за лаптоп повеќе отколку што сум сакал што било. Ве молам. Го сакам и тоа портокаловото копче кое се пали кога се вклучува и исклучува и оние бели налепници што се на сите полначи. Во суштина, јас би бил среќен со еден куп различни полначи, но многу ми се допаѓаат оние што ги има мајка ми под масата веднаш до климата (и од климата далечинското го сакам).
Овој забавен центар поставен на ѕид
Навистина не разбирам зошто мајка ми ми забранува да играм со ова. Па, очигледно е детска играчка!
Клучеви од куќата
Навистина би сакал комплет клучеви. Да ги џвакам, се разбира. Само металните клучеви доаѓаат предвид. Те молам, не купувај ми пластични, јас не пораснав на дрво. Знам дека пластичните клучеви не се ВИСТИНСКИ клучеви.
Сечии очила
Нив ги симнувам буквално од секој што ги носи. И веднаш ми ги одземаат и ѝ ги враќаат на личноста од која ги зедов. Затоа би сакал да имам свој пар. Исто така за џвакање.
Содржината од ова
Многу би сакал содржината од ова да се испразни на подот. Особено работи како памук и забен конец. Ако само ја земеш содржината на оваа кофа и ја ставиш во моето пакетче, тоа би било сосема доволно. Не е потребна корпата.
Дупка во паркетот
Каква необична егзистенцијална дилема. Поминав часови гледајќи во оваа дупка и ставајќи ги прстите во неа. Знам дека не можам да „добијам“ дупка бидејќи дупката не е нешто што можете да го добиете. Дупката е феномен. И повторно, ова треба да биде список со работи што сакам да ги добијам, и ја сакам оваа дупка како што Ганди сакаше мир. На начинот на кој кучето сака постојано да ми го лиже лицето. На начинот на кој мајка ми сака да престанам да ѝ ги вадам очилата.
Храна за кучиња
Секогаш кога ќе се доближам до ова, некој ме одвлекува. Па, ако не сакаат да го ставам в уста, тогаш зошто е на подот?
Една ваква работа
Немам поим што е тоа, но мора да е навистина забавно затоа што мајка ми го гледа цел ден.
912