Драг мој првороден сине,
Жал ми е што во твојот живот така изненадно влетаа твојот брат и сестра, и тоа во исто време.
Жал ми е што и ти ја поднесе жртвата како мене, па не ме виде два и пол месеца додека лежев во болница.
Жал ми е што откако се тие дома, не можам да ти посветам толку внимание како што ти посветував порано.
Жал ми е што сум често нервозна откако станав мајка и на брат ти и сестра ти, а не само на тебе.
Жал ми е што со некои играчки не можеш повеќе да играш зашто тие ти ги зеле или скршиле.
Жал ми е што секогаш чекаш на ред за да добиеш нешто бидејќи си постар брат.
Жал ми е што не можам да те водам секаде каде што сакаш, бидејќи не можам таму да ги водам и твоите брат и сестра.
Жал ми е што секогаш морам да те молам да донесеш или да однесеш нешто, бидејќи јас тоа не можам да го направам во моментот.
Жал ми е што не можеш да се милуваш со мене кога сакаш, бидејќи брат и сестра ти се веќе во мојот скут.
Жал ми е што те третираме како возрасен, па понекогаш и очекуваме така и да се однесуваш, а ти сè уште си мало дете.
Но, не ми е жал што не си ми единствено дете.
Не ми е жал што имаш брат со кој подоцна ќе можеш да ги споделиш сите оние работи што можеби ќе немаш храброст да ги споделиш со мене.
Не ми е жал што имаш сестра бидејќи таа ќе те научи како размислуваат девојчињата и можеби ќе ти даде подобар совет од мене кога се чувствата во прашање.
Не ми е жал што тие двајца веќе те гледаат како свој пример и идол и многу те сакаат.
Не ми е жал што сега си поодговорен, понежен и што знаеш да ги насмееш и смириш подобро отколку јас.
Не ми е жал што научи да делиш и да имаш многу повеќе трпение од порано.
Не ми е жал што имаш најдобри другари за целиот живот.
Не ми е жал што секогаш имаш со кого да трчаш низ куќата кога јас и тато сме премногу уморни за тоа.
Не ми е жал што имаш не еден, туку две мали „човечиња“ што можеш да ги бакнуваш и прегрнуваш.
Затоа драг мој првороден сине, знам дека сега додека твојот брат и сестра се мали, па и ти, е тешко, забрзано и бучно, но сигурна сум и ти ветувам дека како што растете, и јас и тато заедно со вас, ќе бидете сè подобри и сите идни авантури ќе ги поминуваме заедно како да сме едно.
Те сака твојата мајка.