Мое драго момче. Ако го читаш ова, тогаш сум ја завршила мојата задача. Пораснат си, не си веќе малечко дете кое ми носи собрани цвеќиња од градината – иако се надевам дека пак ќе го правиш тоа. Можеби си голем и си го живееш животот, се надевам дека на многу начини сѐ уште си моето малечко слатко момче.
Остани свој
Љубов моја, се надевам дека ќе останеш ТИ. Многу момчиња прераснуваат во мажите кои мислат дека треба да бидат. Спротивно на она што некогаш биле. Мажи кои чувствуваат притисок во традиционална смисла – да не покажуваат емоции и слично. Но, ти си спротивното на сето она на што општеството врши притисок за момчињата да бидат. И јас го сакам тоа кај тебе. Ти си сладок, љубезен, ги прифаќаш своите емоции и не се срамиш, ниту плашиш од нив. Отворен си, не си човек кој ги оттргнува луѓето од себе, не се потпираш на наметнатите родови правила, ослободен си од его и од очекувањата дека мораш да бидеш одреден тип на машко.
Одолеј на притисокот
Мое слатко момче, наскоро ќе почувствуваш притисок. Општествени норми кои се наметнуваат. Можеби ќе биде суптилен на почетокот – ќе бидеш можеби исмејуван од страна на врсниците дека се претвораш во „девојче“. Можеби ќе чувствуваш притисок дека треба да победуваш секогаш, да бидеш компетитивен. Можеби ќе ги гледаш твоите пријатели како се удираат в гради дека се како нивните татковци или други машки модели. Можеби ќе забележиш како некои мажи ги третираат жените (надвор од твојот дом) и со текот на времето ќе почнеш да ги прифаќаш тие начини, па ќе сфатиш за што зборувам. Тоа се силите кои ќе се обидат да ти влијаат.

Биди вистински џентлмен
Се надевам, а веќе чувствувам дека така ќе биде, оти ќе пораснеш во вистински џентлмен. А со тоа не мислам човек кој им отвора врати на жените, а е суров во домот, или пак се чувствува под закана од слободата на жените и нивните избори. Се надевам дека ќе останеш љубезен и нежен, во најдлабока смисла. Ќе ја почитуваш природата на секој и дека ќе ги одржуваш позитивните вредности. Се надевам дека ќе бидеш слободен да го правиш тоа што го сакаш. Сега уживаш во градење, создавање – па веројатно ќе бидеш некој експерт од тие области, и тоа е одлично. Но, сакам да го следиш и секој друг интерес кој можеби го имаш, зошто и тоа е во ред.
Мое прекрасно момче, со прекрасно срце, ова е твојот живот. Можеш да станеш сѐ што сакаш, но се надевам дека ќе си бидеш свој и ќе одолееш на притисоците. Затоа, љубов моја, те молам, одбиј ја токсичната мажественост бидејќи не само што е опасна за тебе, жените (девојките), туку и за општеството во целост.
Биди промената. Биди ТИ, дури и ако си целосно пораснат.
Те сакам,
Мама.