Почнува највеселиот период во годината, период кога на децата им се исполнуваат сите желби. Симпатичниот Дедо Мраз е еден од омилените детски ликови, а писмата што му ги испраќаат се одлични за развојот на креативноста кај децата.

Ако вашето дете сè уште не му пишало на Дедо Мраз, сега е вистинскиот момент. Можеби мислите дека пишувањето писмо до симпатичниот дедо не е од голема важност, но не сте во право. Психолозите тврдат дека е одлично за развивање на имагинацијата, идеално за вежбање пишување букви, но и вистински начин да откриете што сака да добие детето за подарок.

Преку приказните и измислените ликови децата созреваат, го запознаваат светот, учат. Самовилите, џуџињата, џиновите, а особено Дедо Мраз е важен во животот на секое дете. Тој е симбол на добрина во животот на децата, преку легендата за него децата учат што е добро, а што е лошо, учат за авторитет и како да се почитува. Писмата до Дедо Мраз: Што сакаат децата?

Во приказната подароци добиваат само добрите деца бидејќи Дедо Мраз гледа сè. Најмалите стекнуваат и социјални вештини и се развиваат во подобри и стабилни личности, тврдат експертите. Помогнете им на вашите деца да го состават текстот во писмото, да го стават во плик и да го испратат. За нив тоа ќе претставува возбудлива и забавна авантура, а вам ќе ви се олесни изборот за подарок.



912

X