Игротека

Пинк возвраќа на критиките за нејзиното мајчинство

„Инстаграм“ може да биде многу забавен и да ви даде голема инспирација.

Ако сте популарна личност, оваа социјална мрежа е одлична за промовирање на вашата работа и одржување контакт со вашите фанови. Но, директната линија до луѓето што ве сакаат и ја поддржуваат вашата работа значи и директна линија до луѓе што сакаат да критикуваат.

Ова најдобро го знае Пинк, која е мајка на две деца. Таа често е мета на таканаречената „родителска полиција“, која постојано ѝ упатува критики на фотографиите што ги објавува. Но, ова воопшто не ја спречува да продолжи да објавува и директно да им се обраќа.

Пејачката се обидува да не објавува многу фотографии од нејзините деца на социјалните мрежи, што некогаш ја фрустрира затоа што не може да ги споделува семејните авантури токму поради коментарите.

Но, со најновата фотографија што Пинк ја објави ѝ се обраќа токму на „родителската полиција“.

 

– Еве фотографија од моите деца како трчаат низ вода – пишува Пинк под фотографијата што ја објави.

– Дури и не е филтрирана. Какво залудно трошење на водата. И без кацига? Се надевам дека е намачкана со крем за сончање. Ако се сопне и падне, може да се истрауматизира за цел живот – продолжува Пинк саракстично.

– Нејзината мајка не ни беше таму. Работев! Во друга земја! – продолжи Пинк, а потоа ги повика сите што пишуваат совети што никој не ги побарал и сите оние што го следат нејзиното родителство едноставно да престанат да ја следат. Таа објави и неколку хаштази нагласувајќи колку се уништува забавата на „Инстаграм“ со постојаните критики.

Со ваков вид засрамување на родителските практики и методи се соочуваат голем број познати личности, но и обичните родители на социјалните мрежи.

Пораката за хејтерите и критичарите е јасна. Зошто да не престанете да ги следите луѓето што не се совпаѓаат со вашите високи стандарди на родителство и не ги поштедите сите од огромните дози негативност?

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top