Игротека

„Пијанофорте“ со спонтани инструментални настапи го загреа Охрид

Отворање на 59. издание на фестивалот Охридско лето на 12 јули за аматерите музичари од музичкото училиште „Пијанофорте“ од Скопје овој ден претставуваше посветување на виолината. Тие во координација со организаторите на фестивалот ги понесоа своите виолини и омилените партитури, па во текот на денот свиреа на фреквентни локации во градот.
Случајните минувачи љубопитно запираа да ги проследат неочекуваните настапи на младинскиот виолински ансамбл, заедно со пријателите на флејта и гитара од музичкото училиште на градот домаќин „Методи Патче“.

Главни локации за настап беа Градската плажа во близина на музичкото училиште, градскиот плоштад и платото пред катедралата Св. Софија. Се свиреше „Билјана платно белеше“, мелодија во која се сплетоа и други народни мелодии во класичен аранжман, потоа Канонот во Де од Пакабел, а на валцерите од Штраус и Шостакович. Дел од присутните дури и заиграа.

По успешно изиграниот музички предизвик и ден поминат со музичко дружење, младите виолинисти, флејтисти и гитаристи се упатија кон Античкиот театар да го проследат свеченото отврање на фестивалот и концертот на спектакуларната Ванеса Меј.

Инаку, „Пијанофорте“ повеќе години редовно ги следи бројните настани на Охридско лето.

Музичките педагози од училиштето ја користат секоја пригода да ги запознаат своите ученици со дел од солистите, да им организираат мастер клас, преслушување или предавање, што е поттик тие да ги следат концертите.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top