Ако некогаш сме крајно внимателни во животот и ако некогаш внимаваме на секој наш чекор, секој залак, секоја голтка, тогаш тоа е за време на бременоста. Иако веруваме во научници и разни истражувања, понекогаш, сосема искрено, ни е доста од сѐ. Во тие моменти сами одлучуваме што смееме, а што не, земајќи го предвид сето она што сме го слушнале и различните резултати од истражувањето. А веројатно така ќе биде и овој пат, но сепак, ќе пренесеме што велат научниците.

Овој пат, научниците предупредуваат дека жените не треба да пијат премногу кафе за време на бременоста бидејќи откриле дека кофеинот може да го зголеми ризикот од аутизам кај детето во утробата. Вистина е дека на некој начин се плашиме од аутизмот, бидејќи чувствуваме дека не можеме да влијаеме врз него, а сепак понекогаш ни се чини дека сè што правиме всушност може да влијае врз него. Научниците го спровеле ова истражување на стаорци кои примале количество кофеин споредливо со она што го консумира просечната трудница. Истражувањето открило дека тие имале бебиња кои покажуваат некои карактеристични знаци на аутизам.

Научниците веруваат дека причината се промените во функцијата на мозокот во утробата кои предизвикуваат лоша комуникација помеѓу нервните клетки, што доведува до симптоми на аутизам.

Американскиот центар за контрола на болести препорачува бремените жени да го ограничат внесот на кофеин на околу 200 милиграми на ден, што е околу две шолји кафе.

Претходните студии покажаа дека трудниците кои консумираат кофеин имаат поголема веројатност да родат помали деца. Научниците сега предупредуваат дека многу жени пијат повеќе од 300 милиграми кофеин на ден, а некои дури и 500 милиграми кофеин на ден и сугерираат дека повеќе бебиња ќе покажуваат знаци на аутизам доколку трудниците не го намалат внесот.

Истражувањето истакна дека консумирањето кофеин и исхраната богати со маснотии ја зголемува дијагнозата на аутизам, но истовремено ја нагласува и важноста од избегнување на негативните фактори на животната средина за време на бременоста и по раѓањето.

Извор



912

X