Вистина е дека секое дете треба да ги има на ум своите граници и забрани, но како родители исто така е важно да разбереме и дека границите и забраните треба да се применуваат умерено, бидејќи во многу случаи премногу ограничувања може да го попречат развојот или среќата на најмалите. Во оваа смисла, бидете свесни дека постојат одредени работи или активности кои не смеете да ги спречите да ги прават, бидејќи служат за изразување или учење. Прочитајте зошто е важно вашите деца да имаат одредени слободи за да растат и да бидат среќни. Ова се некои од тие слободи:

Трчање низ куќата

Ако од некоја причина вашето дете нема можност да излезе и да игра, не ограничувајте го ако тоа го прави во затворен простор. Трчањето им овозможува на децата да изразат и да ослободат многу емоции, затоа не бранете им, туку преземете соодветни мерки на претпазливост.

Јадење со раце

Во процесот на учењето како да се јаде, сите деца ги користат рацете, бидејќи тоа е начин да се препознае, открие и запознае храната, па затоа мора да му дозволите на детето да го истражува тој свет на вкусови, мириси и форми.

Изразување мислење

Детето е комплетна личност со свои мисли, желби и каприци и кога ќе научи да се изразува, ќе може подобро да ја развива својата личност.

Гледање цртани филмови

Вистина е дека телевизиските програми навистина нудат малку вредни содржини за децата, но не можете да ги изолирате од сè. Подобро изберете добри и едукативни цртани за кои мислите дека можат да му користат на вашето малечко и гледајте ги заедно.

Помош околу домашните работи

Понекогаш децата сакаат да учествуваат во сè што правиме ние, возрасните, бидејќи всушност, она што тие го бараат е начин на заеднички живот и запознавање, па затоа не спречувајте ги дури и ако ве забават во секојдневните активности. Забранувањето на децата да прават одредени работи понекогаш повеќе се покорува на нашата желба како родители децата да бидат мирни и да не прават хаос, но не сфаќаме дека проблемот навистина е во нас. Дајте му шанса на вашето малечко за малку повеќе слобода и ќе ја видите разликата.

Што сака да прави вашето дете?

Автор: Вања Курјаков/ педијатар

Извор



912

X