Воспитување

Пет правила за да воспитате добар човек

Можете да прочитате милион прирачници за родителство, но ниту еден од нив не може да ви каже што сè треба да знаете за да воспитате добар човек. Сепак, постојат пет правила што секогаш треба да се почитуваат.

1. Треба да се биде доследен родител. Децата тестираат до каде се поставени границите и што им е дозволено.

2. „Не“ е многу важен збор при воспитувањето на детето. Воспоставените правила мора да се спроведуваат и без попуштање и молби на детето.

3. Сожалувањето е патот до пеколот… Кога еднаш ќе попуштите, ќе му покажете на детето дека постои начин да го добие тоа што го сака. Секој следен пат кога ќе кажете „не“ детето нема да престане додека не попуштите.

4. Детето треба да има обврски и задачи и дома. Тоа треба да бидат едноставни задачи, приспособени на неговата возраст. Ова е важно за стекнување чувство на одговорност. Вклучете го детето во тоа што го работите наместо да му дадете задачи што само ќе ги работи. Пофалете го кога добро ќе ја заврши работата. Потоа и самото ќе сака да ви помага.

5. Детето треба да почувствува разочарување. Штитејќи го од секакви животни проблеми, не му правиме ништо добро. Во реалниот живот разочарувањата се неизбежни. Детето мора да научи дека не може секогаш да го добие она што го сака.

Така ќе научи да го контролира своето однесување, а и своите чувства. Тоа е добра подготовка за соочување со емоционалните стресови во реалноста.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top