Игротека

Пет особини што другите често не ги забележуваат, а ги имаат само средните деца

Средните деца често развиваат изразена приспособливост и креативност бидејќи не се во центарот на вниманието како најстарите или најмладите. Додека првите го пробиваат патот, а последните ја уживаат целосната грижа, средното дете се учи на самостојност, снаодливост и емоционална флексибилност.

Вештина на „невидливост“

Средното дете не само што е занемарено, туку често ја усовршува таа вештина. Додека едното добива пофалби или критики, а другото внимание поради симпатичност, средното останува во сенка. Но токму таа „невидливост“ создава внатрешна сила и тивка самодоверба.

Родени медијатори

Од мали нозе, средните деца стануваат „мировници“ во семејството. Смируваат конфликти меѓу браќата и сестрите балансираат различни темпераменти и избегнуваат драма. Таа емоционална интелигенција подоцна ја применуваат и на училиште, меѓу пријателите и кога ќе пораснат.

Потрага по сопствен идентитет

Во семејства каде што секој веќе има „улога“, средното дете мора самостојно да го пронајде своето место. Често се изразува преку уметност, хумор или посебни интереси. Наместо да добие идентитет, го создава, што го прави свесно за сопствените вредности.

Пријателите како избрано семејство

Поради семејната динамика, пријателствата стануваат многу значајни. Средните деца вложуваат во вистински и длабоки пријателства. Знаат да слушаат, да бидат поддршка и често остануваат важни луѓе во животот на другите долго време.

Приспособливост

Од најмали нозе се учат на приспособување: делат соба, попуштаат при изборот на филм, прифаќаат промени во плановите. Тоа ги прави луѓе кои брзо се снаоѓаат, реагираат и се приспособуваат на различни ситуации, квалитет што им користи и во училиште, и на работа, и во секојдневието.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top