Иако сигурната иднина на децата често се поврзува со нашата обврска да им обезбедиме близина, здравствена заштита и квалитетно образование, факт е дека најголем дел од ова е тесно поврзан со финансиите, без разлика колку не сакаме да ги поврзуваме парите со среќно детство.

Како да му обезбедите иднина без стрес на вашето дете?

Инвестирајте мудро

Образованието бара сè повеќе пари, а времето за одење на факултет навистина ќе дојде многу побрзо отколку што би сакал секој родител. Многу попаметно е да почнете да вложувате пари во профитабилни долгорочни проекти додека детето е сѐ уште мало наместо во поризични инвестиции кога децата ќе пораснат, така што инвестицијата ќе ви се „врати“ за пократок временски период.

Поставете цели

Дали сакате да му овозможите на вашето дете да студира, дали избирате државен или приватен универзитет, дали можеби сакате да му овозможите на вашето дете да студира во странство? Сето тоа се цели кои треба јасно да се дефинираат навреме за да можете да направите рационални финансиски планови, кои ќе можете да ги остварите со текот на годините. Не мора нужно да ги планирате студиите на вашето дете, но ако сакате да му овозможите да оди на сите патувања со својот клас, тоа многу често бара одредени финансиски трошоци кои во денешно време е многу тешко да се издвојат од платите, без претходно планирање.

Животно осигурување

За да се обезбеди иднината на детето, тоа мора да има соодветна здравствена заштита, а пожелно е и животно осигурување на родителите. Тоа се теми на кои никој не сака да размислува кога е здрав и млад, но токму тогаш се носат вакви одлуки.

Живот без долгови

Само ако живеете живот без долгови, вашето дете ќе може да живее на истиот начин. Детето учи од вашето однесување, па научете го со пример во кои ситуации позајмувањето е оправдано и кога е сосема непотребно. Животот без повремени долгови за многумина е незамислив и невозможен, но позајмувајте мудро и вратете ги сите долгови што е можно поскоро.

Научете го вашето дете како да управува со парите

Започнете со основните работи и набавете му на вашето дете касичка за штедење. Дозволете му на детето да ги штеди парите што ги собира во касичката, но мора и да извади пари од нив ако сака да купи нешто. Верувајте дека многу побрзо се учат лекциите кога играчките не се купуваат со парите на родителите, туку со пари кои самото дете ги заштедило.

Извор



912

X