Оддалечувањето од вашиот сопружник може да биде честа појава, особено во денешниот брз и стресен начин на живот. Сепак, вложувањето напор е клучно за одржување здрава и среќна врска. Затоа, ако чувствуваме дека се оддалечуваме од партнерот, важно е отворено да зборуваме за нашите чувства.
Брачниот советник и терапевт Дејвид Мекфаден открива неколку чекори што можеме да ги преземеме за да ја поправиме ситуацијата. Ова се советите што тој ги истакнува:
Прифатете ја вистината
-Помирете се со вистината за вашиот брак и не оптоварувајте се со разочарување. Време е да се соочите со фактот дека се случило нешто што не мислевте дека ќе се случи – изјавил Мекфаден. Иако ова може да изгледа непријатно, советникот вели дека прифаќањето на вистината е важен прв чекор.
Отворено зборувајте за тоа
Мекфеден забележува дека тоа не е време за префрлање на вината.
-Согласете се да зборувате за состојбата на вашиот брак. Разговарајте за тоа што недостига и како се чувствувате во врска со тоа. Може да доживеете тага, разочарување, па дури и шок бидејќи интимноста е влошена. Нормално е и се очекува да се чувствувате лошо поради губење на нешто толку важно – додал тој.
Одлучете заедно да ја обновите врската
Во првичната дискусија можеби не знаеме како да го вратиме изгубеното. Сепак, советникот истакнува:
-Вашите животи можат да бидат толку полни со активности и одговорност што се чини дека нема начин, време или шанса да се обновите како пар. Немојте да се изненадите ако задачата ви изгледа преголема или невозможна. Немате одговори како да го поправите сето тоа, но можете да донесете заедничка одлука да го промените“.
Утврдете цел што е реална за двајцата
-Ако и двајцата сакате и ви треба повеќе време заедно, но вашите животи се толку полни со активности, работа и други обврски, ќе ви треба време за некои од промените што треба да се случат – вели Мекфаден.
Тој тврди дека и двајцата треба да прифатите оти може да биде потребно време за да се имплементираат некои од промените што ги сакате.

-Соработувајте и бидете цврсти и доследни во вашите напори за промена – објаснил тој.
Значи, ако вашите животи се екстремно структурирани и планирани однапред, треба да се подготвите и да одвоите време да ги направите потребните промени за да овозможите повеќе време кое ќе го поминувате заедно.
Планирајте ја вашата стратегија како да се движите напред
Сега кога и двајцата сте решиле да ги свртите работите, време е да ги направите промените. Сепак, важно е да не се разочарате прерано додека ја спроведувате вашата стратегија бидејќи менувањето на животниот стил бара време.
-Љубезно потсетете се еден со друг ако видите какви било неуспеси и охрабрувајте кога ќе видите напредок. Брзо поправете ја секоја штета кога ќе се појават старите обрасци. Запомнете, се исплати да инвестирате во вашиот брак и да работите на тоа. Ако сте доследни, ќе видите позитивни промени – заклучи Мекфаден.