Како да го натерате детето да слуша без да викате и без примена на сила? За жал, многу родители и понатаму ги користат овие методи верувајќи дека без тоа едноставно е невозможно да се воспитува дете.

Што е алтернативата?

Позитивна дисциплина. И оваа метода навистина функционира. Еве што треба да правите.

1. Анализирајте кои очекувања се реални, а кои не

„Моето дете не се однесува во согласност со своите години!“

Дали е навистина така? Или детето баш се однесува во согласност со степенот на својот развој, а вашите очекувања се превисоки?

Детето има свој карактер и вие мора да ги промовирате неговата личност и разликите. Секако дека ќе ги поправите неприфатливите отстапки, но не треба да се обидувате да го промените карактерот на детето само за вам, како родител, задачата да ви биде полесна.

Откако ќе бидете сигурни што е соодветно и примерно за развојната фаза на вашето дете, ќе знаете што можете да очекувате.

И ќе ги пребродите конфликтите на најбезболен можен начин.

2. Придржувајте се до златното правило

„Не однесувајте се кон детето онака како што не би се однесувале кон возрасна личност“.

Старата позната поговорка е еден од клучевите на позитивна дисциплина.

Со други зборови, однесувајте се кон вашето дете како кон која било друга личност и како што би сакале пред нив некој друг да постапува. Не викајте, не удирајте, избегнувајте остри реакции што не би ви биле пријатни кога би биле насочени кон вас.

3. Сакајте се себеси

За поефикасно да применувате позитивна дисциплина, мора да обрнете внимание на себе. Ако се чувствувате добро, ако сте расположени и позитивни, и вашиот пристап ќе биде таков.

Ако сте уморни, емоционално повредени и исцрпени, нема да бидете во можност кон детето да се однесувате внимателно и нежно. И нема да бидете во можност да му го дадете она што го немате.

Затоа – бидете љубезни кон себе.

4. Направете листа со идеи за позитивна дисциплина

При примена на позитивната дисциплина оние што се почетници може да се збунат затоа што постојат многу опции и сценарија. Па затоа не им е лесно да се снајдат.

Не е поентата да најдете на интернет листа со 100 техники и да ја изберете онаа што најмногу одговара на ситуацијата, туку да развиете сопствен репертоар на техники за позитивна дисциплина што ќе работат за вас и за вашето дете.

5. Бидете подготвени да се извините

Ние, родителите, имаме моќно и често користено оружје против повредените чувства на нашите деца и сопствената вина, а тоа е едноставната реченица: „Жал ми е!“

Не плашете се да го кажете тоа. Учете ги децата дека сите прават грешки. Покажете им што треба да направат кога ќе згрешат.



912

X