Игротека

Песна што ги прави децата среќни

Понекогаш да се смирите бебе што плаче е како да се обидувате да детонирате бомба. Ако не знаете што друго да направите, тогаш обидете се да го смирите детето со научно креирана песна која децата ги прави среќни. Токму така и е наречена – „Среќна песна“.
Каспар Адиман, експерт за детски развој, и Лорен Стјуарт, музички психолог, стојат зад оваа песна за која е научно докажано дека ги усреќува бебињата. Тие почнале да истражуваат и откриле дека бебињата подобро одговараат на експлозивни вокални звуци како „па“ и „ба“ отколку на звуци како „ла“.

Тимот добил помош од композиторот Имоген Хип, која е мајка на дете од 18 месеци. Таа ги презела среќните звуци што биле собрани во истражувањето, додала уште неколку и креирала мелодија. Песната вклучува женски вокали, има едноставна и повторувачка мелодија. Песната ја испробале на 20 деца и кај сите имало позитивни реакции.

Експертите планираат да ја искористат песната за низа експерименти во однос на тоа како родителите да им ја презентираат музиката на децата и се надеваат дека ќе пронајдат уште психолошки одговори на бебињата, што се однесува до музиката.

https://www.youtube.com/watch?v=XjpraGVs2Sg

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top