Воспитување

Пеењето има големо влијание врз развојот на мозокот на бебето

Пеењето е моќна алатка во мајчинството, а сега мајките имаат и истражување кое докажува и ги поткрепува тврдењата дека пеењето на своето бебе носи долгорочни придобивки за неговиот развој.

Една нова студија презентирана на 25. симпозиум на Здружението за когнитивна невронаука покажала дека приспивните песнички не само што влијаат врз мајката и бебето, туку можат да имаат корист и за когнитивниот развој на детето. Овие песни го зголемуваат вниманието и покажуваат позитивни емоции.

„Мозокот на доенчињата мора да биде способен да ги следи аудитивните настани на предвидлив начин за да има смисла за музиката“, вели авторката на студијата, Лаура Сирели, вонреден професор на Универзитетот во Торонто. „Музиката е алатка која можеме да ја користиме за да ги зближиме луѓето, а тоа започнува уште од рана возраст“.

За оваа студија, истражувачкиот тим предводен од Сирели ги анализирал начините на кои мајките им пеат на своите бебиња, во зависност од крајната цел: да го смират бебето или да си играат со него. Мајките кои учествувале во студијата постојано му ја пееле „Twinkle Twinkle Little Star“ на своето малечко, менувајќи ги радосните и смирувачки тонови. Истражувачите ги следеле реакциите на возбудата кај мајката и бебето, мерени преку спроводливоста на кожата и однесувањето. „Кога сме возбудени или под стрес, се зголемуваат нивоата на возбуда“, објаснила Сирели. „Кога сме мирни, тие се намалуваат.“

Истражувачите откриле дека нивоата на возбуда на мајките биле повисоки при среќна песна, во споредба со песна за смирување. Во разиграните услови, нивото на возбуда на бебето останало стабилно, а неговото внимание кон мајката и покажувањето позитивни емоции се зголемило.

„Наодите покажуваат физиолошки промени и промени во однесувањето кај мајката и бебето со различните стилови на песни. Гледаме односи помеѓу ритмичките и јазичните способности, вниманието, развојот, слухот и социјалните интеракции“, вели коавторот на студијата, Џесика Гран, когнитивен невролог и вонреден професор на Универзитетот во Западно Онтарио.

„Секое чувство што го имаме или акција што ја преземаме во светот се одвива со текот на времето, и сега почнуваме да разбираме зошто луѓето се чувствителни на одредени типови обрасци, но не и на други. Разбирањето на овие модели ќе ја информира не само основната наука, туку и потенцијалната терапија насочена кон музика, насочена за пациенти со невродегенеративни заболувања“.

Овие наоди, сепак, не се изненадување. Претходните истражувања откриле дека пеењето може да има огромно влијание врз тоа како бебињата комуницираат со нивните родители и со светот.

Автор: Карина Шиждрак

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top