Многу родители брзо посегнуваат по антипиретици кога нивните деца почнуваат да покажуваат знаци на температура, но педијатрите велат дека тоа не е потребно.

Според националното истражување на Детската болница „C.S. Mott“, секој трет родител би му дал на своето дете лек за намалување на температурата кога нема ниту 38 Целзиусови степени, а секој втор за температура од 38 до 38,8 степени.

Овие лекови можат да му олеснат на детето, но непотребното давање може да ја одложи дијагнозата на причината за температурата со маскирање на болката и другите симптоми, предупредуваат педијатрите.

Д-р Сузан Вулфорд го водела истражувањето, па истакнува:

„Кога родителите забележуваат дека температурата на нивното дете е малку покачена, мислам дека понекогаш се загрижени за самата температура. Можеби на родителите не им е сосема јасно дека самата температура не е проблемот, туку што би можело да ја предизвика температурата. Значи, навистина не треба да се обидуваме да се ослободиме од температурата бидејќи тоа е само знак дека нешто друго се случува“.

Антипиретиците немаат превентивно дејство

Истражувањето опфатило 1.376 родители на деца помлади од 12 години, а податоците се собирале помеѓу август и септември. 84% од родителите повторно ќе ја измерат температурата на своето дете пред да дадат втора доза, но 26% од родителите ќе дадат втора доза дури и ако нема температура, во обид да спречат да се врати, според податоците.

Д-р Чандани де Зур, педијатар и портпарол на Американската академија за педијатрија, која не била вклучена во истражувањето, објаснува:

„Родителите се плашат дека нивните деца ќе се разболат премногу ако не им дадат нешто. Ова едноставно не е така бидејќи, како што знаеме, температурата е природна реакција на телото на инфекција. Антипиретикот не е превентивен лек. Го третира симптомот.
Откако точно ќе се измери температурата и ќе се потврди дека детето има температура над 38°C, разумно е да се даде точната доза на лек за намалување на температурата, во согласност со тежината и возраста на детето во упатствата за лекот“, вели Вулфорд.

Истражувањата покажале дека две третини од родителите првично пробуваат алтернативни методи за намалување на температурата, како што е користење ладни облоги.

Вулфорд додава:

„Целта е да се обидеме детето да се чувствува удобно. Децата мора да бидат во полесна облека во просторија која е удобно свежа, но не ладна и мора да бидат добро хидрирани“.

Симптоми за кои веднаш треба да се консултирате со педијатар

Ако детето е под три месеци и има температура, родителите треба да се јават кај својот педијатар, а ако детето има температура придружена со тешки симптоми, како што се силна поспаност, болки во вратот и отежнато дишење, родителите треба веднаш да се јават кај својот педијатар, нагласува Вулфорд.

Наведува и дека родителите треба да го евидентираат времето на внесување на лекот, што според истражувањето го прават околу 65% од родителите, бидејќи тоа овозможува да се избегне предозирање со лекот.

И Де Зур и Вулфорд истакнуваат дека штом температурата ќе падне, не треба да се дава нова доза со идеја да се спречи повторување на температурата:

„Во овој период од годината превенцијата е навистина добар пристап и можеме да се обидеме да избегнеме што е можно повеќе од овие болести“.

Вулфорд, исто така, потсетува дека може многу да се направи, на пример, со миење раце, правилно користење на средствата за дезинфекција и да не ги бомбардираме децата со лекови за намалување на температурата и да не ги испраќаме на училиште кога се болни.

Извор



912

X