Со оглед на тоа дека децата секојдневно се изложени на голем број вируси и бактерии, родителите често се интересираат како да го зајакнат нивниот имунитет. Иако нивната отпорност зависи од многу фактори, педијатрите нагласуваат дека постојат неколку начини на кои родителите можат да го зајакнат имунитетот на своите малечки.

Според нив, прво на што треба да внимава секој родител е правилната и разновидна исхрана. Тие советуваат децата да јадат што повеќе храна која ги содржи потребните хранливи материи за зачувување на имунитетот – свежо овошје и зеленчук, посно месо и интегрални житарки.

Покрај исхраната, еднакво важен е и квалитетниот сон. Како што објаснуваат педијатрите, соодветното количество сон помага во одржување на здравјето и одбраната од потенцијални инфекции. Истражувањата покажале дека недоволното спиење кај децата може да ја намали отпорноста на нивното тело и да го зголеми ризикот од инфекции.

Други начини што ќе го зајакнат имунитетот на детето се избегнување стресни ситуации, поминување доволно време на отворено и земање суплементи, доколку на децата им недостигаат некои витамини или минерали. Сепак, педијатрите нагласуваат дека пред да земете какви било суплементи, потребно е да се консултирате со лекар.

Извор



912

X