Иако сите добро знаеме дека не е потребно веднаш да трчате на лекар кога ќе се појави некој симптом, педијатрите сепак предупредуваат дека одредени симптоми кај децата може да укажуваат на здравствени проблеми кои родителите не треба да ги игнорираат, туку веднаш да побараат помош од специјалист.

Има дури пет необични симптоми кои претставуваат потенцијална опасност за детето доколку не се изврши навремена интервенција.

Тие го подразбираат следното:

-стомачни болки кои не исчезнуваат долго време или стануваат поинтензивни
-покачена температура која не може да се намали на кој било начин
-необјаснето губење на тежината
-ненадејно губење на косата
-губење на слухот.

Иако секој од овие симптоми не мора да значи дека детето има некоја посериозна болест, педијатрите советуваат дека е паметно да се посети лекар доколку се појави некој од нив.

Имено, болките во стомакот кои не престануваат долго време би можеле да бидат знак за воспаление на слепото црево, чир на желудникот, инфекција на уринарниот тракт или канцер. Исто така, ненадејното губење на косата многу често укажува на автоимуни болести како што се дијабетес или целијачна болест, додека губењето на слухот често укажува на проблеми со воспаление на средното уво или менингитис.

Извор



912

X