Воспитување

„Педијатриски прирачник“– помошник за едукација на родителите

Деновиве од печат излезе еден поинаков прирачник, наменет за едукација на сите родители. Бидејќи децата се нашата иднина, а здравите деца значат здрава и сигурна иднина, четворица специјалисти од областа на педијатријата и детскиот развој посветено работеа на оваа книга што ќе им помогне на многу родители да се справат со тешкотиите на раното детство.

Според авторите Ангелчо Андоновски, Татјана Јаќовска, Силвана Филипова и Ана Попоска, периодот од раѓањето до петтата година е најчувствителен во животот, полн со бурни промени во сите сегменти од развојот. За правилно и навремено препознавање на симптомите и совладување на состојбите, потребен е квалитетен прирачник во кој ќе има објаснувања за најчестите состојби со кои се среќаваат децата, како и препораки за нивен третман.

Благодарение на овој „Педијатриски прирачник“, секој родител ќе може да се снајде во решавањето на секојдневните здравствени проблеми кај своето дете, покажувајќи адекватна грижа за своето потомство, сметаат од издавачката куќа ТРИ.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top